Не е можен влез ниту излез од Грција на преминот „Евзони“ каде во тек е блокада на грчките земјоделци кои го опколија преминот со 150 трактори и земјоделска механизација. Не е познато до кога ќе трае блокадата.
Тоа значи застој на промет на возила и патници преку ГП „Богордица“ од македонска кон грчка страна на преминот „Евзони“, ниту од „Евзони“ може да се влезе во Македонија. Блокадата започна на пладне, а не се знае до кога ќе трае.
Граничниот премин беше затворен и вчера околу 18 часот. Првично земјоделците го блокираа само влезот за камиони, но брзо преминаа на целосна општа блокада која траеше до полноќ.
Протестите не се ограничени само на Евзони. Слични блокади има и на патарината при излез од Солун на автопатот кон Атина, како и во близина на градовите Лариса и Кардица, каде земјоделците го блокираат истиот автопат.
Вчера грчките земјоделци го блокираа и Граничниот премин „Дојрани“ од грчка страна, но тоа значеше и застој на промет на возила и патници меѓу Македонија и Грција на преминот „Дојран-Дојрани“.
Ваквиот револт на грчките земјоделци ги парализираат патиштата кон Македонија и за излез од јужните граници на државата.



















