Трет ден блокада на ГП „Евзони“ од страна на грчките земјоделци кои протестираат незадоволни од порастот на животните трошоци, ниските откупни цени на земјоделските производи, а не исплата на земјоделските субвенции.
Никој не може да влезе и излезе од Грција, само Вардар непречено тече.
Денеска најголемата река во Македонија кај Гевгелија на последните километри од своето патешествие е со смирен тек, намалено ниво за 6 cm од вчера, пониско за 65 cm од последните дождови, без закана од излевање од речното корито. Течи убавецу!



















