СТАРАТА ГЕВГЕЛИСКА ЧАРШИЈА е урбан простор од времето на Отоманското царство, прогласена за споменик на културата во 2004 година, деновиве се реставрира и реконструира со средства од Министерството за локална самоуправа.
Еден дел засекогаш ќе исчезне како денешните наврнати 12 l/m2 дождовен талог што ќе испарат од ветрот, ќе ги испие земјата, тоа е старата калдрмисана улица која оди во заборав, со веќе поставените нови гранитни плочи и мали коцки, кои и’ дават сосема нов лик на Чаршијата.
Новините се редат и понатаму: нови фасади на дуќаните, нова столарија, ново расветлување, па дури и нови бизниси наместо некогашните лимари, ортомари, шивачи, чевлари, ковачи….
Само да не замре еснафскиот и пријателски дух на Чаршијата познат од дамнина, зборуван насекаде каде заминале задоволните гости, трговци, нагостените посетители на Гевгелија.
Фото: Дождовен блесок на калдрмата од Старата Чаршијска убавица




















