сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Уловен СОМ КАПИТАЛЕЦ во водите на Селемлијска брана

Среќниот улов го реализира Иван Стамков од с.Стојаково, богданско, инаку посветен риболовоц кој ги учел вештините на рибарењето уште од своја 15та годишна возраст

јули 16, 2026
in ФОКУС
Уловен СОМ КАПИТАЛЕЦ во водите на Селемлијска брана
0
SHARES
2.4k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска, 16 јули 2026 година по децении риболовен стаж му се посреќи на стојачанецот Иван Стамков – тој улови СОМ КАПИТАЛЕЦ тежок 40 килограми, долг 182 сантиметри.

Големиот „мустаклија“ бил „станар“ во водите на локалната брана кај с.Селемлија, богданско, а денеска утрово ја стекна титулата најголем улов на рибарот Иван. Но, пред да биде фотографиран како рекорден улов и трофеј на Иван, пружил 20 минутен отпор не сакајќи да го напушти своето живеалиште, водите на брана Селемлија.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026
Иван со својот најголем улов – сом од 40 kg

Риболовецот Иван вели дека и порано имал ловено примероци риба над 10-на килограми, но овој сом капиталец му е најголем улов во рибарската кариера.

Во напорот да се извади силната разгневена риба од водите на Иван му помогнале рибарите-другари: Никола Донев, Цветан Донев и Трајче Коцев, сите членови на Здружението за спортски риболов „Стојаково“.

Иван со другарите и уловен сом капиталец на 10.07.2026 год.

Го прашавме Иван дали има своја мајсторија во ловењето риба, па ќе сака ли да открие на што го улови овој капиталец.

– „Ловам често, често фаќам поголеми примероци, како вчера на пример, пак уловив сом со тежина од 15 килограми и должина од 80 сантиметри, повторно овде на брана Селемлија. Користам инаку природни мамки, скакулци“.

Ги забележавте деновиве големите скакулци како летаат по зеленилото низ дворовите? Е, тој крилест летач е деликатесот на кој се намамил големиот сом во водите на селемлијска брана. Вечерва тој самиот ќе биде деликатес за друштвото рибари од Стојаково.

Иван со уловен сом од 15 kg и 80 cm – (15.07.2026)

Честитки за Иван за рекордниот улов!
Наздравје нека е прославата во редовите на Здружението за спортски риболов од Стојаково кое брои околу 40-на млади риболовци, па следниот пат да им се посреќи.

БИСТРО!

Уловен крап во Дојранско езеро

Иван својата мајсторија ја носи со себе, знае да улови поголем примерок риба од други риболовни зони. Еве примероци уловен дојрански крап.

Дојрански крап

Да се извади ваков убавец на суво, со вратоломии, скокови, мавање со опашката и тегнење на рибарскиот конец за да се ослободи, сигурно не е лесно. Но рибарските мајстори на занаетот кога еднаш ќе ја научат вистинската мамка, точното време на хранење на рибата, места на движење, наоружани со часови трпение, тогаш исходот е познат – за ручек ќе има риба!

Ова е пејсажот, видливото и невидливо за око подводно природно богатство на браната кај с.Селемлија.

Честитки за Здружението за спортски риболов од Стојаково на вредните членови посветени на спортот и рибарската традиција. БИСТРО!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Метеоцунами наречено „Летно чудовиште“ го погоди Јадранот

Next Post

Прекрасен концерт на Трио „Џентлмен“ во Гевгелија

Next Post
Прекрасен концерт на Трио „Џентлмен“ во Гевгелија

Прекрасен концерт на Трио „Џентлмен“ во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ПРЕСУДА: 18 години затвор за убиецот на Мамли, Васил Режак од Дојран

ПРЕСУДА: 18 години затвор за убиецот на Мамли, Васил Режак од Дојран

2 месеци ago
Oдбележан 22 април – Ден на планетата Земја

Oдбележан 22 април – Ден на планетата Земја

3 години ago
Од 1 декември поевтина струја за прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и јавните установи

Од 1 декември поевтина струја за прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и јавните установи

4 години ago
Физички нападнат и ограбен таксист од Гевгелија, пронајдено мртво лице во с.Мрзенци

Физички нападнат и ограбен таксист од Гевгелија, пронајдено мртво лице во с.Мрзенци

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist