ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.М.(46) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 04.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во дом на негов роднина, при што се пронајдени и одземени марихуана, семки и дробилка.
Кривичната пријава е препратена до ОЈО Гевгелија како надлежен орган за постапување.



















