Кој носи медали и пехари од натпревари во странство?
Се разбира – младите атлетски сили од АК „7 Ноември“ Гевгелија кои, по не знам кој пат, од Грција се враќаат со освоени подиуми, пехари, медали.
Вчерашниот ден беше успешен и исполнет со спортско достигнување за младите атлетичари од Гевгелија, Ана Бегова (11 год.) и Томе Петков (9 год.). На ноќни трки во Верија Грција тие освоија два подиума:
1. ПРВО место за АНА БЕГОВА на трка од 1 km, (девојчиња) со време од 3:25 min,
2. ТОМЧЕ ПЕТКОВ – ТРЕТО место – трка 1 km (деца машки), време 3:21 min.
Ова не е изненадување од младите атлетичари АНА и ТОМЧЕ да достигнат до подиум во меѓународна конкуренција помеѓу своите врсници. Тие две години по ред на трките „November Run“ во Гевгелија, кои се традиционелен и меѓународен спортски настан, ги освојуваат највисоките победнички подиуми во својата врсничка конкуренција.
Вака изгледаше пристигнувањето на ЦЕЛТА на Ана и Томче на трката во Грција:
Беше гордост за гевгелиските атлетичари и тамошната македонска публика да се слушне името на АНА како се прогласува за победник на детската трка во конкуренција за девојчиња, а таа среќна и горда да го прикаже своето клубско знаме од Гевгелија.
Еве ги гордите носители на пехар и медал од земјата од каде почнаа Олимписките игри Грција, нашите атлетски стрели од југот, Ана и Томче.


На ноќните трки во Верија настапија вкупно 14 деца од „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ од Гевгелија, под водство на тренерите, професорите по спорт, Влатко Семенаков и Тодор Анчев, инаку и самите активни и посветени атлетичари и спортисти. Децата на трасата истрчаа секој во својата возрасна конкуренција:
1. Катерина Петрова – 2015
2. Никола Павлов Бутров – 2013
3. Атанас Боцевски – 2018
4. Јован Кецоевиќ – 2019
5. Љубиша Томиќ – 2019
6. Максим Ангов – 2013
7. Ристе Јовановски – 2013
8. Пепика Дебникова – 2017
9. Добрилка Семенакова – 2014
10. Горан Семенаков – 2016
11. Костадин Семенаков – 2018
12. Папучиев Ѓорги – 2013
13 Ана Бегова – 2014 и
14. Томче Петков – 2016
Трките беа за различни возрасти, така од 6 до 11 години трчаа заедно, а од 12 до 14 години имаше друга генерациска трка. Тренерите имаа полно раце работа да ги бодрат младите атлетски сили од Гевгелија.

Тренерот Тодор Анчев зеде учество на трката од 5 километри за мажи и овде во меѓународна конкуренција го освои 6-то место.
Се’ на се’ успешен спортски ден за учениците од „Школата за атлетика“ и нивните тренери.
Честитки за сите учесници, посебно за освојувачите на пехар и медали!
Честитки за достигнувањето на Анчев!
Честитки за сите деца и тренерската посветеност на „Школата за атлетика“!
Чекаме уште резултати од Вас во иднина!






















