Маскирани, весели, песнопојни дечиња вечерва пеат сурварска песна на врата од соседите во маало, песна за добри желби во Новата година по стариот календар. Пеат гласно, брзо и продолжуваат на друга адреса зошто ги чекаат уште добри луѓе на кои сакаат да им испеат среќна песна, маскирани за да не ги препознаете, зошто добрите желби важат за сите. Примете ги, подарете им бонбончиња, слатки и други дарови за да биде годината среќна и родна.
Суравица, баклавица…. Сурва!
СРЕЌНА, здрава, благородна, богата и дародавна Стара Нова Година!
Упорноста на гевгелиските дечиња со песна да ја разубават вечерта на гевгеличани траеше до доцните часови.



















