Вечерва во 23:10 часот дежурните служби на ТППЕ Гевгелија примија повик за опожарен камион-ладњача на улица „Моински пат“ во Гевгелија.
Екипа на ТППЕ Гевгелија составена од три противпожарни возила и 6 пожарникари се упати веднаш на терен, а звуците на сирената на ПП возилата ги вознемири жителите дека нешто непријатно се случува во ноќта, тука некаде околу нас.
Пожарникарите веднаш пристапија со акцијата за гаснење.
Во моментот пожарот е под контрола, но акцијата не се смета за завршена. Екипата на ТППЕ се’ уште го контролира теренот со оглед на фактот што камионот е полн со нафта, па секое активирање на изгаснатите жаришта од опожарениот камион би бил нов ризик за околината. Опасност од опожарување на околните куќи долж улицата „Моински пат“ нема. Пожарникарите го контолираат теренот.
Засега не се познати причините за опожарувањето на камионот-ладњача. Тоа ќе го утврдат вешти лица.
Ноќта се стиши, ги нема сирените. Благодарност за брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија.






















