Метеоролозите најавија промена на времето и навистина, променливи облаци ја посетија гевгелиската област, на Кожуф снежни, во Гевгелија облаци полни со дожд.
Во текот на деноноќието обеле Кожуф. Снег наврна во с.Ума, во Смрдлива вода и сите врвови на Кожуф.
Во Гевгелија за последните 9 часа наврнаа 23,1 литри дождовен талог на 1 м2. Со температура од 6,5 степени целзиусови и дожд од 23,1 л/м2 Гевгелија е најтопол град во државата денес и најнаврнат.
Снег наврна и на другите повисоки планини и градови на повисока надморска височина во државата.
Висината на снежна покривка во cm за изминатите за 6 часа изнесува: 48 cm Попова Шапка, 18 cm Крушево, 12 cm Маврови Анови, 9 cm Дебар, 4 cm Лазарополе.

На пат кон Смрдлива вода автомобилите возат по новото неизгазено белило. Еве што регистрира нашиот читател (В.Филовски) кој денес се упати на снежен викенд на Кожуф:
Времето во следните денови:
Утре наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Температурите ќе бидат двоцифрени од 10 до 13 степени на југот од држава, се знае во Гевгелија!
Имајте убав неделен ден!




















