Прогнозите на УХМР за дождови во југоистокот се остварија. Во текот на изминатата ноќ во Гевгелија наврна најмногу дожд, вкупно 19 литри на 1 метар квадратен, што е најмногу дожд наврнат во државата за изминатите 12 часа.
Во Струмица облаците оставија дождовен талог од 15 л/м2, а во Берово 10 л/м2 за 24 часа.
Најавите на УХМР беа предупредувачки, за можно излевање на реките, особено во југоисточниот дел од државата.
Во Гевгелија има зголемен водотек на реката Вардар. При последното мерење на водостојот на реката на мерниот пункт во Демир Капија, Вардар е со 67 сантиметри повисоко ниво од просекот за февруари.
За разлика од градот на Кожуф врнежите беа снежни и оставија нова бела покривка за обнова на зимскиот пејсаж на планината.
Имајте убав ден!



















