понеделник, 5, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Инспектор на ДЗС: Пожарот на автомобилите во Гевгелија не е подметнат

Вешто лице кое пристапи вчера на терен да ја утврди состојбата со опожарените автомобили изнесе стручно мислење и наод за причината на опожарувањето

март 31, 2026
in ФОКУС
0
SHARES
2.6k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Опожарувањето на две возила паркирани на паркинг простор зад маркет „Солун 53“ ул. „7 Ноември“ во Гевгелија вознемири дел од јавноста кои реагираа на социјалните мрежи за можен намерен инцидент.

Редакцијата на GevgelijaNet се обрати до вештото лице кое пристапи вчера на терен да ја утврди состојбата со опожарените автомобили и да изнесе стручно мислење и наод за причината на опожарувањето.

Related posts

Изгаснат пожарот кај Миравци

Изгаснат пожарот кај Миравци

октомври 5, 2026
Шумски пожар кај Миравци, локализиран, но уште активен

Шумски пожар кај Миравци, локализиран, но уште активен

октомври 4, 2026

На терен во 10 часот вчера излезе инспектор по заштита и спасување од ДЗС Струмица, Сашо Милчовски кој го констатира следново:

  • „ Пожарот на автомобилите не е подметнат. Тоа е од инсталацијата на возилото. Настанало греење внатре во електриката и настанало искрење кое предизвикало пожар. Од опожареното возило поради присуство на ветер, вчера утрото во Гевгелија, се зафатил со оган и соседниот автомобил паркиран близу до опожареното возило“ – ни открива главни поенти од својот вешт наод инспекторот Милчовски.
  • „Пожарот си има свој настанок и свој пат. Тоа ние го утврдуваме како инспектори на терен. Пожарот во случајот започнал од возилото марка „Хундаи – И- 30“ со чешки регистарски ознаки, сопственост на гевгеличанец кој работел во Чешка. При горењето на ова возило пожарот се проширил на соседното возило близу паркирано до него, марка „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки. Штетата е голема. Ова стои во вештиот наод од мене“ – извести за GevgelijaNet инспекторот Милчовски.
Автомобилот „Хундаи-И-30“ од каде започнал пожарот
Второто опожарено возило „Мерцедес“ било близу паркирано до опожареното „Хундаи“

На увид на местото на опожарените возила излезе и екипа на ОВР Гевгелија кои во предметот ги вклучија и изјавите на сопствениците на опожарените автомобили, снимките од камерите и сл. Инспекторот Милчовски вели дека неговиот вешт наод ќе го добие ОВР Гевгелија, кај кој е отворен предмет за случката со опожарувањето. Вештиот наод на инспекторот од ДЗС вели – намерно подметнување во случајот НЕМА УТВРДЕНО.

Пожарот се случи вчера утрото во 03:40 часот на паркинг просторот позади маркет „Солун 53“ на ул. „7 Ноември“ Гевгелија. На интервенција веднаш пристигна тим од ТППЕ Гевгелија и го елиминираа пожарот како и заканата од настанување на поголема материјална штета, завршувајќи со акцијата во 04:40 часот.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тешка сообраќајна несреќа, двајца млади гевгеличани повредени

Next Post

Михаела, Катерина, Јована освоија ТРИ награди на Интернационален Фестивал во Хрватска

Next Post
Михаела, Катерина, Јована освоија ТРИ награди на Интернационален Фестивал во Хрватска

Михаела, Катерина, Јована освоија ТРИ награди на Интернационален Фестивал во Хрватска

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Честит Ден на независноста на Македонија!

Честит Ден на независноста на Македонија!

1 година ago
Наградена фотографија од конкурсот „Кожуф во есен“ на П.Пубреклиев

Наградена фотографија од конкурсот „Кожуф во есен“ на П.Пубреклиев

3 години ago
Гевгелиските пензионери освоија 12 награди на 28 Регионални пензионерски спортски натпревари

Гевгелиските пензионери освоија 12 награди на 28 Регионални пензионерски спортски натпревари

2 години ago
ФК „Кожув“ генерација 2013 на турнирот  „New stars cup 2023“

ФК „Кожув“ генерација 2013 на турнирот „New stars cup 2023“

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Изгаснат пожарот кај Миравци
  • KK „Кожув“ со победа ја отвори натпреварувачката сезона
  • Шумски пожар кај Миравци, локализиран, но уште активен

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Изгаснат пожарот кај Миравци

Изгаснат пожарот кај Миравци

октомври 5, 2026
KK „Кожув“ со победа ја отвори натпреварувачката сезона

KK „Кожув“ со победа ја отвори натпреварувачката сезона

октомври 5, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist