Футсал репрезентацијата вчера со победа над Бугарија го отвори настапот во првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство. Денеска ја победи и репрезентацијата на Турција.
Во првото коло селекцијата на Македонија ја совлада Бугарија со 4-1. Серијата погодоци ја отвори Иван Крстевски уште во втората минута, а веќе во осмата имавме водство од 2-0 откако во листата на стрелци се запиша Берат Рамадани.
На почетокот од второто полувреме, Владимир Бахаров го постигна единствениот гол за Бугарија.
Во самиот финиш на натпреварот, избраниците на селекторот Газменд Хисејини на два пати ја затресоа мрежата на противникот за убедлива победа. Во 38. минута, голманот Антонио Петровски зголеми на 3-1, а само педесетина секунди подоцна нов погодок за Рамадани за конечен триумф од 4-1.
Денеска на вториот дуел од првиот круг за квалификациите на Светско првенство во футсал Македонската репрезентација доминираше и над Турција со нова победа од 6 : 3.
Со двете победи над Бугарија и Турција Футсал селекцијата на Македонија обезбеди пласман во следната ВТОРА рунда квалификации за пласман на Светско првенство.

Меѓу 15-те избраници на селекорот се и двајца фудбалери од Гевгелија, браќата Димитар и Бојан Јаневи.
Тие настапија со игра и во двата натпревари со Бугарија и Турција, но со мала минутажа од по 13 минути. Сепак, тоа беше доволно да се одржи темпото на доминација на теренот, да се почувствува репрезентативниот тим во полна сила и самоуверен настап за пласман на Светско.
Браво момци!




















