Христос Воскресна!
Навистна Воскресна!
Со овој восклик на полноќ се огласи веста за Христовото Воскресение, а со биењето на камбаните радоста се прошири до сите граѓани.
Христос ја победи смртта и им дари живот на тие во гробовите, а со светлината на Благодатниот оган подарува мир, слога и љубов во секој дом.
Гевгеличани ја испочитуваа традицијата со посета на црковните храмови, а за радосната вест се чукаа со црвени јајца кои значат нов живот.
Христос Воскресна!
Навистина воскресна!
📽 Црква “Св.Кирил и Методиј” Гевгелија



















