четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Сензација: 11 ученици од „Школата за тапани“ Гевгелија освоија 11 награди на Интернационален натпревар во Штип

април 28, 2026
in SHOWBIZ, Музика
Сензација: 11 ученици од „Школата за тапани“ Гевгелија освоија 11 награди на Интернационален натпревар во Штип
0
SHARES
1.6k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Деца што направивте!!?
Го воодушевија жирито, ја кренаа публиката, ги собраа наградите!!!

Единесете ученици при „Школата за тапани“ во Гевгелија под водство на дип.проф. Момчило Делев учествуваа на 6-от Интернационален натпревар по музика „Сергеј Mихајлов“ во Штип и освоија 11 награди, од кои 8 ПРВИ места и 3 ВТОРИ места.

Related posts

Сергеј Четковиќ приреди незаборавен концерт во Дојран, езерскиот брег пулсираше со романтика

Сергеј Четковиќ приреди незаборавен концерт во Дојран, езерскиот брег пулсираше со романтика

август 9, 2026
Концерт во Дојран на балканскиот уметник Сергеј Четковиќ

Концерт во Дојран на балканскиот уметник Сергеј Четковиќ

август 8, 2026

Ова значи 100%-на успешна реализација на „Школата за тапани“, после своето 4 годишно постоење, бидејќи првпат учениците учествуваа на натпревар и секој од нив на натпреварот освои награда.

Ученици на „Школата за тапани“ од Гевгелија – сите до еден наградени

Носителите на ПРВИ места се сите кои од жирито беа бодирани со над 90 поени, а такви во „Школата за тапани“ имаше на натпреварот вкупно 8 (осум). Еве ги по редослед на бодирање:

1. ТЕОДОРА БАЦЕВА – 99,25 поени најдобра од сите, со настап кој жирито го оцени како сценски издржан, со став на професионалец. Теодора иако има само 9 години ги владее тапаните како своја музичка пасија која ја откри пред една година кога почна да ја посетува „Школата за тапани“ при Пионерскиот дом во Гевгелија.
Еве го настапот со кој доби најдобри оценки од жирито:

2. АНТОНИО ТРАЈАНОВСКИ – Прво место со освоени 96,75 поени (9 годишен);
3. ДИМИТАР ТРАЈКОВ – 96,5 поени, (8 годишен);
4. ДАНИЕЛ НАКОВСКИ – 92,25 поени (13 год.);
5. ЕЛЕНА ПЕНОВА – 91 поен, (8 гoдишна);
6. АНА РУЖОВА – 90,75 поени, (11 год.);
7. АЛЕКСАНДАР ТРИФУНОВСКИ – 90,5 поени, (9 годишен);
8. АЛЕКСНДАР КОЧЕВ – 90 поени, (12 годишен).

Најмалиот ПРВАК во тапани – 8 годишниот Димитар Трајков

Носители на ВТОРО место според бројот на поени се:

1. ПАРИС КОСТАЌЕВ – 87,5 поени (8 годишен);
2. РИСТО АНДРЕЕВ – 85 поени (13 годишен);
3. ЈАНИ ЃОРГИЕВ – 81,25 поени (8 годишен)

Оценките ги додели стручно жири составено од врвни музички имиња:
1. Адријана Јаневска – проф, Музичка Академија Скопје, позната пејачка
2. Ванчо Харалампиев – проф. на „Џез академија“ при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
3. Филип Крстевски – проф. во Средно музичко училиште во Штип, и
4. Панко Гелев – магистер по гитара.

Жирито доделуваше оценки за секоја изведба поединечно, а вкупниот збир од вредноста на поените го даде конечниот резултат и рангирањето на победниците – „Школа за тапани“ од Гевгелија – СЕВКУПЕН ПОБЕДНИК на Интернаионалниот фестивал „Сергеј Mихајлов“ во категоријата ТАПАНИ!

Радоста на децата е голема, а гордоста им припадна на родителите и секако, на најзаслужниот, менторот во „Школата за тапани“ Момчило Делев.

Момчило Делев

Момчило е дипломиран професор по тапани на „Џез Академијата“ во Штип при УГД. Работи како редовен наставник по музика во ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци и ООУ „Климент Охридски“ Миравци после дипломирањето од 2016 година. Од 2022 ја оформува „Школата за тапани“ како проект на Општина Гевгелија. Веќе 4-та година работи со ученици каде им ја пренесува енергијата на тапаните, ритамот, музиката. Бројот на ученици варира од 15 до 20 и зависи од возраста, матурирањето и напуштањето на школата поради поголеми образовни обврски, или некои пробале, но не се снашле со тапаните. Работат два пати неделно, вежбат, тренираат самостојно и во група и, како што гледаме, напредуваат и победуваат.

  • „Децата беа премногу добри на натпреварот. За прв натпревар на кој учествуваме како Школа ме изненадија. Слушнав прекрасни критики за нив и оценки на жирито искажани за време на натпреварот дека децата се како професионалци на настап. Жири Комисијата беше пре, пре, презадоволна од нив“ – не ги криеше впечатоците менторот Момчило Делев кој е секако и самиот презадоволен.

Што да кажеме за крај за овие ПРВАЦИ – „ШКОЛАТА за ТАПАНИ“ од Гевгелија.
Само напред деца, музицирајте, нека одѕвонува вашата музика во Светот и победувајте!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Лишен од слобода Дојранчанец измамник заедно со уште 2-ца, изнудиле пари и накит од постара жена

Next Post

Хуманитарен АПЕЛ – Последна надеж за малата НИНА, да донираме за нејзината операција за да прооди

Next Post
Хуманитарен АПЕЛ – Последна надеж за малата НИНА, да донираме за нејзината операција за да прооди

Хуманитарен АПЕЛ - Последна надеж за малата НИНА, да донираме за нејзината операција за да прооди

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода двајца мигранти поради разбојништво во гевгелиско

Лишени од слобода двајца мигранти поради разбојништво во гевгелиско

3 недели ago
Дојран ги има Државните прваци во карате за 2023

Дојран ги има Државните прваци во карате за 2023

3 години ago
Волшебната куќа на желбите ги прими првите честитки од децата од Гевгелија

Волшебната куќа на желбите ги прими првите честитки од децата од Гевгелија

3 години ago
ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist