Зад паролата „За плата се бориме – не се молиме“, денеска во 11 часот, на 1 Мај, Денот на трудот, застанаа илјадници работници, кои маршираат од Синдикалниот дом до Владата.
Во фокус на нивните барања е зголемување на минималната плата на 600 евра, што според ССМ е неопходен минимум за достоинствен живот.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките права и односот на институциите и работодавачите.

Протестот започна пред Работничкиот дом на ССМ, а потоа продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата, каде бea упатени синдикалните барања.
На протестот се обрати претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, им порача на сите работници кои денес се на работа дека нивниот труд на Први мај треба да биде платен 250 проценти, нагласувајќи дека, доколку тоа не се испочитува, да се обратат до Сојузот на синдикатите на Македонија.

- „Да им се извинам на полициските службеници кои мораат денес да бидат со нас, за тоа што тие добија само 1.667 денари зголемување, односно усогласување на нивните плати.
Да им се извинам и на новинарите кои во голем број денес стојат, иако и за нив е празник и неработен ден.
И да порачам на сите кои ангажирале работници денес дека денешниот ден за работнички труд вреди 250%, и доколку не ви го платат тоа што сте дошле на работа, обратете се во Сојузот на синдикатите на Македонија.
Почнувајќи од новинарите, почнувајќи од полицајците, почнувајќи од вработените во здравството и сите други вработени во приватниот сектор кои денес, поради нечовечкиот однос на газдите, мораат да бидат на работа“, изјави Трендафилов. објави Скопје1.мк

Први мај живее, колку и да сакате да го умрете. Работничкото движење ќе живее, колку и да сакате да го умрете. Сојузот на синдикатите ќе живее, колку и да сакате да го умрете.
80 години поминавме со комунисти, социјалисти, демократи и денес десничари, но клучно е што работниците во толкав број во 1946 година се собрале и го основале најголемиот синдикат во државата, кој од 1946 година бие битки со сите досегашни влади и ќе продолжи да го прави тоа“, порача Трендафилов. објави Скопје1.мк




















