Пред Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, излезе новиот сингл на Стиховен Калибар (Горан Јанкуловски) и Ристо Апостолов насловен „Кинта Култ“.
Песната е енергична и протестна, за животот на работникот и вечната борба за своите права и непогазување на работничкото и човечко достоинство.
- „Тоа е сурова песна која ја разоткрива безмилосната реалност на работничкиот живот. Со текст полн со социјална критика и индустриски тон, песната ја претставува баналната рутина како симбол на материјално ропство – вака авторите го претставуваат својот труд.
- „Мрачниот урбан амбиент и протестната енергија ја прават оваа трака силен крик против капитализмот и експлоатацијата“ велат авторите.
Погледнете го видеото за новиот сингл:
Во ерата на дигитализацијата и интернет вработувањата, што ги мотивира младите за ваков крик на реалноста од работничкиот живот. Погледнете и оценете го сами уметничкиот израз на авторите.




















