Старата градска чаршија во Гевгелија доби нов урбан инвентар – повеќе клупи се распоредени на источната страна на чаршијата.
Угостителите чекаат да завршат сите изведбени работи па да ги постават своите астали за вообичаеното послужување, скара, мезе, кафе или ладно пиво. Дали пак ќе бидат поставени “100-те маси” или помалку…. ќе видиме.
Се чекаат и чадорите за сонце и ширењето на дрвените крошни за природна ладовина.
Лето е, сонцето денес намали на 34°C, aма ладовинка пак треба 🌞🌳⛱️



















