Четиринаесет годишниот атлетичар од Југот на Македонија, Антонио Каракабаков вчера на Атлетскиот КУП на Македонија за пионери родени 2011-2014 година освои ШАМПИОНСКИ трофеј во дисциплината „Штафетна трка 4х100 метри“ и најдобар резултат во дисциплината „скок во далечина“.
Антонио трчаше со тимот клубски колеги од АК „Аеродром“ Скопје во чии бои настапува веќе две години.
Штафетната трка 4х100 метри победничката постава на АК „Аеродром“ ја истрча за време од 51:09 секунди, а штафетната смена се одвиваше по следниот редослед:
– Иван Савески,
– Никола Терзиоски,
– Димитар Дичевски, и за последниот спринт пред финиш истрча
– Антонио Каракабаков – атлетската стрела од Југот.

Тренер на Антонио и на победничкиот штафетен тим е Мики Здравкоски.
Да напоменеме, истиот тим тркачи на штафета 4х100 метри во јуни 2026 година на Државното првенство во атлетика за пионери 2026 го освои Вицешампионското место. За само два месеца ги подобрија резултатите на патеката и вчера се искачија на победничкиот подиум каде го примија победничкиот пехар.

Инаку, Антонио на Државниот КУП на Македонија во атлетика за пионери се натпреваруваше уште во две дисциплини: „Скок во далечина“ и трка на 100 метри.
Во дисциплината скок во далечина Антонио достигна УБЕДЛИВО ПРВО МЕСТО со скок од 5:70 метри. Ова беше скок за 9 сантиметри пократок од најдобриот негов скок остварен минатата недела на Европскиот атлетски натпревар во Брно, Чешка каде оствари резултат од 5:79 метри.
- „На светската бодовна таблица на ИААФ во дисциплината „скок во далечина“ Антонио има бодовна вредност од 6686 бодови, најголема од сите машки натпреварувачи во Македонија. Според тоа тој е ПРВ во Македонија по скок во далечина, а на Европските атлетски игри се пласираше во ТОП 5 спортисти во истата категорија“ – изјави неговиот тренер Мики Здравкоски.

Атлетскиот КУП на Македонија за пионери се одржа вчера, недела, 6 септември, во Велес под покровителство на Атлетската Федерација на Македонија каде настапија пионери од цела земја од генерациите родени 2011 до 2014 година.
Антонио од стручните спортски скаути е оценет како атлетска иднина на Македонија. Тоа е гордост за сите, кои се радуваат на спортските успеси на нашите млади генерации, посебно на жителите на Југот, зошто Антонио е од с.Стојаково, општина Богданци, па дел од радоста за успехот ја споделуваме сите ние.
Антонио Каракабаков освои ТРИ медали на Државното првенство во атлетика за пионери 2026




















