Во пресрет на Денот посветен на Светиот маченик Фануриј попладнево и утре во црквата Свети Спас во Гевгелија ќе се одржат молитвени почести за маченикот, почитуван како покровител и молитвен застапник на учениците.
Тоа е начин ☦️ Со молитва и Божји благослов да ја започнеме новата учебна година! – велат од Гевгелиското Архиерејско намесништво.
За таа цел според традиција ќе бидат принесени и благословени Фануропити, со молитва за Божји благослов над учениците и нивните семејства.
– „Господ да им дарува здравје, мудрост, знаење и напредок во секое добро дело. 🙏 Свети маченику Фанурие, моли Го Бога за нашите деца, просветли ги нивните умови и води ги по патот на доброто!“ ☦️
Со овие зборови Ве покануваат од гевгелиските црковни храмови да ги проследите празничните богослужби кои се одржуваат по приложениот распоред:

Не се знае во кој период постоел Фанурие. Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фануриј е изобразен како млад војник, којшто во десната рака држи крст, а во левата запалена свеќа.

Свети Фануриј многу се слави и во Египет.
Таму постои предание дека неговата мајка била голема и непоправлива грешничка. Но, синовската љубов на Фануриј кон неа била извонредна. Тој повеќе Му се молел на Бога за спасението на својата мајка, одошто за своето. При неговото убиство, додека незнабошците го затрупувале со камења, светителот се молел: „Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.“ Во Египет, а и кај нас, многумина така и се молат: „Спаси ја, Господи, грешната мајка на свети Фануриј, а и мене, грешниот, помогни ми.“ И заради оваа молитва мнозина добиваат помош.



















