На 08.09.2026 во 20:15 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 57-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 53-годишна сопруга.
Тој е задржан во полициска станица, а за настанот е запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
А, има и обратна ситуација, кога жената е закана за мажот во семејството.
Од Полицискиот Билтен на СВР Струмица, каде припаѓа и ОВР Гевгелија го издвојуваме и овој случај:
На 08.09.2026 во 14:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 37-годишна жителка на селото. Според пријавеното, таа околу 12:00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот 40-годишен сопруг.
За настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



















