Рано, рано утринава, во 02:05 минути пристигна есента на Северната Хемисфера, по македонско време, а Гевгелија ја дочека со температура од 13,9 степени Целзиусови и имаше најтопло утро во државата.
Денеска на изненадување на календарската есен на Пелистер падна снег.
Денот на почетокот на есента е познат како есенска рамноденица, денот кога Сонцето преминува точно над Екваторот, а денот и ноќта траат приближно еднакво.
Во Гевгелија сонцето утрово изгреа во 06:17 часот, а ќе зајде во 18:27 часот. Денот ќе трае 12 часа и 10 минути, а на ноќта ќе и’ остави да царува 11 часа и 50 минути.
Есента ќе трае се’ до 21 декември. Овде ќе биде точно 89 дена и 21 час со намера да ги кандисува лисјата да се откажат од својот зелен сјај и да отпаднат во жолтило.
Сепак, Гевгелија го испрати летото расцветана и расположена за уште зелени зони, паркови, зелени терени.




















