Гранитните коцки на ул.”Маршал Тито” стасаа на 86 метри до целта
Проектот за реконструкција на главната улица во Гевгелија започна пред 5 месеци и до Новата година се очекува да биде завршен.
Оригиналните гранитни коцки од јужната лента на улицата се наредени амбиентално до 86 метар оддалеченост од градската библиотека “Гоце Делчев” каде е завршната точка на проектог. Северната лента е поставена со коцки до 100m од целта.
Се работи до заоѓање на денот, а на терен ги затекнавме мајсторите: Гоги, Шехки, Јетон и најмладиот кој не се претстави. Поважно му беше да работи и да си ја сработи денешната задача.
До финалето на проектот одекнувааг чеканите од ударите на мајсторите низ познатата гевгелиска улица “Од станица до граница”.
“Градот убав пак ќе никне!” #gevgelija



















