Поткожуфското село Давидово е оддалечено 33 километри од Гевгелија и овде денеска децата и младите се израдуваа на првиот снег кој наврна годинава.
Летаат снежни топки, се прават снешковци, па дури и се посетува селскиот манастир „Св. Илија“ кој се наоѓа на височинка, видно со наврнатиот се’ уште не исчистен снег.
Давидово се наоѓа на 95 метри надморска височина во северниот дел од територијата на општина гевгелијан и овде снежните облаци истуриле снежна белина за благодет на земјата, за радост на децата.
Еве, ако не верувате, фотографиите и насмевките нажуваат се’!