Домакинскиот клуб на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“, КК „Кожув“ од Гевгелија вчера направи меч-сензација со кој успеа да се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија, пласман кој не го имаат повторено од 2016 година.
Натпреварот се одигра на домаќински терен, во салата „26 Април“ во Гевгелија, а победата беше реализирана над екипата на МКК „Куманово“ со резултат 81:69. Денеска ќе се соочат со тимот од Гостивар во обид да дојдат до второто финале во клубската историја и прво по точно една деценија.
Најефикасен стрелец од редовите на КК „Кожув“ беше Стевановиќ со 23 поени, Вилсон оствари 18 поени, а Пилетиќ 15.
После 9 години гевгелиските кошаркари влегуваат во борбата за висок пласман од Купот на Македонија „Благоја Горгиевски Буштур“.
Полуфиналниот натпревар помеѓу гевгелиски „Кожув“ и КК „Гостивар“ ќе се одигра вечерва во 20:30 часот во спортската сала во Гевгелија.