Денес со цвеќе и почести пред впечатливиот споменик на гевгелискиот војвода, револуционер и илинденец, беше одбележана 120 годишнината од храброто погибје на Сава Михајлов, кој на денешен ден во 1905 година во нерамна борба со турскиот аскер сам си го одзел животот кај селото Смол.
Остана незаборавен и после век и две децении неговото револуционерно дело, неговата положена младост за македонската кауза, имаше само 28 години, а остави инспирација за век и векови после него.
Според неговото име беше наречен и првиот партизански одред од Гевгелија формиран на Кожуф планина во виорот на Втората Светска војна.
Сава бил учесник во грабнувањето на Мис Стон, во диверзијата на железничкиот мост на реката Вардар, во илинденските револуционерни збиднувања на тлото на Македонија.
Вечна ти слава војводо!
Фото: И дождот во Гевгелија го изгланца споменикот и споменичното плато во чест на 120 годишнината од погибјата на Савата, за достоен пречек на почитувачите на неговото дело