Припадниците на РЦГР „Југ“ и Европската полиција „ФРОНТЕКС“ во ова топло време се одзваа на повикот на хуманоста и учествуваа во крводарителска акција која ја спроведоа во соработка со општинскиот Црвен крст од Гевгелија.
Акцијата се одржа вчера, 16 јули, при Институтот за трансфузиона медицина.
Во оваа хуманитарна акција беа собрани 17 единици крв од крводарителите, а превидено е иста акција да се реализира повторно при крајот од месецот.
Полициските сили на Македонија во регионалниот центар за гранични работи „Југ“ заедно со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС веќе 10-на години ја обезбедуваат граничната линија на Македонија и спречуваат илегален влез на мигранти, како и илегални патишта за криумчарење. Освен повикот на професијата, ете овие хумани луѓе се одзваа да донираат крв, најдрагоценото нешто за секој болен, повреден, лице пред операција на кое крвта им е неоходна за закрепнување и здравје.
