Завриен августовски викенд – во текот на денот и ноќта од вчерашниот неделент ден во Македонија се пријавени 9 физички насилства и едно оштетено возило од проектили од огнено оружје. Меѓу сите физички напади е регистриран и случај во Богданци.
На 10.08.2025 во 20:10 часот во ОВР Гевгелија, Р.Ј. (46) од Богданци пријавил дека на 10.08.2025 околу 16:30 часот во Богданци, бил физички нападнат од Ѓ.Б. од Богданци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Освен споменатиот случај во Богданци (1), останатите пријави за физичко насилство се однесуваат за случаи во Струмица (1), Радовиш (1), Штип (2) и Скопје (5).
Вчера во с.Ракитец, радовишко, по претходна расправија, во двор од куќа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.С. (30) и М.С. (27) од с.Ракитец од една страна и Д.И. (67) и Т.И. (69) од истото село, од друга страна. При тоа, биле употребени и тврди предмети.
На 10.08.2025 во 23:40 часот во СВР Штип, Р.Т. (21) од Битола пријави дека околу 22:00 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, бил физички нападнат од Д.Б. од Штип, со која претходно бил во љубовна врска.
Денеска (11.08.2025) во СВР Штип е пријавено дека околу 00:10 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, Б.Б. (19) од Штип се обидел физички да го нападне Р.Т. (21) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поесле полноќ во 00:50 часот (11.08.2025) во СВР Струмица, М.М. (42) од с.Просениково, струмичко, пријави дека на 10.08.2025 околу 19:20 часот во с.Муртино, струмичко, бил физички нападнат од Т.П. од с.Муртино.
На 10.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Д.Х.(54) од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Нa 10.08.2025 во 16:50 часот во СВР Скопје, Р.З.(36) од Скопје пријави дека околу 16:30 часот, во семејниот двор на подрачјето на Драчево, скопско, бил физички нападнат од неговиот сосед С.Б.(55). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.08.2025) во 02:45 часот во СВР Скопје, Д.С.(21) од Скопје пријави дека на 10.08.2025 околу 20:30 часот пред трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, бил физички нападнат од две лица.
На 10.08.2025 во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје. Според пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале.
На 10.08.2025 околу 21:20 часот во СВР Скопје, Ш.Ј.(26) од с.Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во с.Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
За сите случаи, по целосното документирање на настанот МВР и СВР преземаат мерки за расчистување на истите.