петок, 14, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ВИДЕО: ТРЕТА еколошка акција на Хероите од Дојран

Самоиницијативниот доброволен еко-активист, Самир Патрон од Дојран изутринава ја среди, исчисти околината на Саат кулата во Дојран, историски споменик од 14 век

септември 7, 2025
in ФОКУС
ВИДЕО: ТРЕТА  еколошка акција на Хероите од Дојран
0
SHARES
559
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Самоиницијативниот доброволен еко-активист, Самир Патрон од Дојран, кој со другарот Бранко Караколев заедно го исчистија каналот кај Топлец од системот „За спас на Дојранското езеро“ денеска започна и реализира нова еколошка акција.

Самир од изутрина се упати на локацијата од историскиот споменик, Саат кулата во Стар Дојран каде ја разгледа локацијата и заклучи дека и’ треба средување. Тој најпрво го исчисти отпадот низ околниот простор, кантите за ѓубре кои беа полни, а потоа се зафати со косење на израснатата трева која пораснала до висина на клупите за одмор на околниот простор од паркот кај Саат кулата.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/09/d40fab49-f101-4a72-b221-6346d89b91c7.mp4

Искосената трева е прибрана од просторот во кеси за отпад и отстранети од локацијата на соодветно место – контејнер за отпад.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026
https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/09/2f1daed0-f9c7-409e-b06a-a283877f1adf.mp4

Ова е 27-миот акцијашки ден на хероите од Дојран и трета по ред еколошка акција што ја изведуваат другарите Самир Патрон и Бранко Караколев за Дојран.
Најпрво за 24 дена го исчистија каналот кој носи вода од ХС кај Ѓавото до месноста Топлец од каде се влеваат водите за полнење на Дојранското езеро. Следниот ден, 25-от, го собраа искосениот отпад од трева и растителен отпад во тракторски приколки и го депонираа во контејнер за отпад. Следниот 26-ти ден, другарот на Самир, Бранко Караколев го собра урбаниот отпад (шишиња, конзерви, линеки, хартија) од паркот кај каналскиот систем кај Топлец.

Денеска на 27-миот ден Самир не мирува, го исчисти просторот кај Саат кулата во Стар Дојран.

Саат кулата е историски споменик, изграден во 1372 година како поклон за некогашниот град Дојран од страна на Евренос-бег. Била урната во виорот на Првата светска војна 1913 година, а реставрирана е во 2023 година.

Денеска е туристичка атракција на мапата за посета на знаменитости во Стар Дојран.

Ете, без туристички водич, без туристички прирачник, Самир си ја знае вредноста на својот град, на општина Дојран, на нејзината историска и природна вредност и самоиницијативно, повторно се втурна во нова акција од љубов за Дојран.

Ова е пример дека младите генерации не се мрзливи за работа, туку се пример дека кога гледаат дека работите стојат во место, млади се, храбри, издржливи и не се штедат да придонесат нешто за својата заедница.
А, заедницата не мора само да гледа и да вика „Браво“. Треба да се наградат со вработување овие млади еко-ентузијасти, доброволци, оти се пример за посветеност како се сака Дојран, како се сака своето парче земја!
Самир и Бранко се невработени. Самир и Бранко не се плашат од работа, дури и таа која што надлежните заборавиле да ја завршат. Самир и Бранко работат 27 дена нон-стоп за разубавување на Дојран без да побараат помош од никого. Повикаа да им се придружат граѓаните, дојранчани, не им се придружи никој. Ваквата непоколебливост за работа не треба да се поттури во заборав, туку треба да се награди со ВРАБОТУВАЊЕ!

Хероите на Дојран, Бранко и Самир го исчистија каналот од системот за полнење на Дојранското езеро

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Осумнаесет лица се повредени во пожарот во „Макпрогес“ во Виница

Next Post

Феноменот „Крвава Месечина“ регистриран и во Гевгелија

Next Post
Феноменот „Крвава Месечина“ регистриран и во Гевгелија

Феноменот „Крвава Месечина“ регистриран и во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Винска соба во срцето на старата гевгелиска чаршија

Винска соба во срцето на старата гевгелиска чаршија

3 години ago
ВИДЕО: Нова песна на Каролина Гочева „Дај на сунце“

ВИДЕО: Нова песна на Каролина Гочева „Дај на сунце“

3 години ago
Од утре започнува со работа Амбулантата во Стар Дојран

Од утре започнува со работа Амбулантата во Стар Дојран

3 години ago
Три претставнички од Југот на Македонија на фестивалот „Voice of the stars“

Три претставнички од Југот на Македонија на фестивалот „Voice of the stars“

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist