На патеката Смолево кај Битола во неделата се одржа втората МотоКрос трка од Македонскиот шампионат во органзација на „Ендуро Тим Водно“ – Скопје и Мотоциклистичката Федерација на С.Македонија.
На трката учествуваше и „Мотокрос клубот Гевгелија“ од Гевгелија со четири свои натпреварувачи.
Најуспешен беше Димитар Маџунков кој настапи во класата МХ и освои ВТОРО место.
Тој на стартот изби на 5-та позиција, но уште во првите 2 круга успеа да ги престигне возачите пред него и заврши на 2-та позиција. Тоа му овозможи да се искачи на вториот подиум, на вицешампионското место од трката во Смолево и да обезбеди солидни поени за севкуен пласман од Македонскиот мотокрос Шампионат.

Во истата класа, Милан Стојанов после посериозната повреда со која се здоби на почетокот на годинава, повторно се врати на тркачката патека. Трката ја заврши на 4 позиција на само 3 секунди позади 3 пласираниот.

Во класата МХ2, Саше Трајков исто така заврши на 4 позиција. Саше имаше потешка трка бидејќи беа споени 3 класи во 1 трка и претекнувањето беше малку потешко.
Најмладиот член, Драган Димов кој настапи во класата МХ65, исто така заврши на 4 позиција. Драган ја има возено патеката само 3 пати до сега, а сепак заврши на само 1 секунда позади 3 пласираниот возач.


Тркачката патеката беше одлично подготвена од страна на организаторот, но поради високата температура земјата многу бргу се исуши, па втората трка беше откажана.
Наредната трка од Македонскиот шампионат ќе се одржи во Скопје на патеката Орман на 19.10.2025
Фото галерија од трката во продолжение:




















