На две недели пред почетокот на големиот атлетски настан во Гевгелија, денеска атлетичарите од АК „7 Ноември“ остварија петкратни резултати од 11 члениот состав на тимот на трката „Лесковачки полумаратон“ во Лесковац, Србија.
Освоени ДВЕ ВТОРИ места и ТРИ ТРЕТИ места, вкупно 5 пехари и 7 медали – тоа е бербата на медали која ја остварија и малите, и големите атлетичари од Гевгелија.
Дури 4-ри од наградите ги освоија малите атлетски сили од Гевгелија, членови на „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“. Тоа се:
1. Максим Ангов – освои ВТОРО место на трка од 3 километри
2. Ана Бегова – освои ВТОРО место во женска конкуренција на трасата од 3 км.
3. Томче Петков – ТРЕТО место на трката од 3 км; и
4. Добрилка Семенакова – ТРЕТО место на трката од 3 километри.

Огромен успех оствари и штафетната тројка од Гевгелија во состав Тоше Анчев, Влатко Семенаков и Даниел Анчев кои истрчаа трето најдобро време на штафета 3 х 7 километри.

Сите резултати се постигнати во силна меѓународна конкуренција, од 560 учесника, што е потврда за големата атлетска подготвеност на гевгелиските „брзински стрели“ од југот.
Вака атлетските сили од Гевгелија се загреваа пред старт: тренерите Тоше Анчев и Влатко Семенаков со студентот по спорт Даниел Анчев истрчуваат со малите од „Школата за атлетика“ и им диктираат победничко темпо за трчање.
Честитки за сите учесници од гевгелискиот тим, честитки и за медалоносците!




















