Костадин Узунов е ученик од II година, при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и учесник на годинашните 58-ми „Детски Рацинови средби“ каде под менторство на професорката Бисерка Макревска освои ДВЕ НАГРАДИ:
– Специјална награда за посебно поетско остварување на Литературниот конкурс за средно образование во меѓународна конкуренција, и
– ВТОРО МЕСТО на „Рецитаторскиот натпревар“ во рамките на 58. Детски Рацинови Средби
Литературата е област во која Костадин ужива, пишува, истражува, учи, па со посветениот труд доаѓаат и резултатите. А, нив годинава ги имаше повеќе:
Во мај годинава на Државниот рецитаторски натпревар кој се одржа во Скопје, ученикот Костадин Узунов под менторство на професорката Бисерка Макревска го освои второто место, во конкуренција од 26 рецитатори, покажувајќи ја љубовта кон поезијата и смислата за постоењето на својот јазик.

Во јуни годинава Костадин Узунов ја освои втората награда на Државниот натпревар по македонски јазик и литература за 2025 година.
Истиот месец Костадин освои уште една награда – Второ место на меѓународниот литературен конкурс „Средба под јаворите – Видое Подгорец”, на тема “Топли гнезда”, Стримица 2025.
16 годишниот Костадин Узунов работи под менторство на професорката Бисерка Макревска и освојува награди за литературни остварувања, несебично покажувајќи ја љубовта, знаењето и моќта кон мајчиниот јазик и литературата.
Нека му се множат знаењата и наградите!




















