Ракија, пријатели и топла гостопримлива атмосфера.
Со ваков амбиент беше дочекан германецот Фин кој живее и учи македонски јазик во Македонија, а по трет пат ја посетува Гевгелија, овој пат се упати кон најгостопримливото село во Македонија според Фин, с.Моин.
Моин е на само 6,3 километри од Гевгелија и топлината на жителите од југот ја има секаде на југот. Фин за Моин вели дека е најдоброто село во Македонија. Неговото име на германски значи „здраво“, што значи овде секој е поздравен од срце и со гостопримство дочекан.
Овде Фин ја виде и тајната на подготовка на домашна ракија, во казани, од кои капките алкохол се слеваат пред очите на Фин во бочви за чување на напивката за добро расположение.
Погледнете ја воодушевеноста на Фин што го пронајде селото Моин, во подножјето на Кожуф планина на надморска висина од 120 метри и овде направи краток видео приказ на животот во Моин, селото кое на германски значи „Здравоживо“.
– „Македонците се најфини луѓе на светот. Сега имам и пријатели од Моин. Имам и подарок, ракија. Не можам да верувам, Треба да дојдете во Моин“ – порачува Фин, германецот во Македонија.
P.S. Сите села во гевгелиско се убави и гостопримливи. Оценката на Фин за Моин важи за сите, ама уште не ги посетил останатите села од гевгелиско.



















