Тимот ан ТППЕ Валандово со брза интервенција и петчасовна акција на терен успешно се справи со пожарот во куќа во с.Марвинци, валандовско.
Во неделата дежурните служби на ТППЕ Валандово примија повик за пожзр во куќа во с.Марвинци, валандовско. Повикот беше евидентиран во 18:36 часот. Екипата на валандовската проивпожарна единица со 8 пожарникари и 4 противпожарни возила се упати веднаш на терен и пристапи кон гаснење на пожарот. Акцијата траеше до 23:20 часот кога беше прогласена ликвидација на пожарот, а екипата се врати во својата базна станица.
Пожарот настанал во куќа каде за среќа немало никој населено. Сопствениците живееле во Гевгелија. Нема жртви. Изгоре кров, соба, дрвениот под и покуќнината. Настаната е поголема материјална штета. За причините што го предизвикало пожарот од ТППЕ Валандово не знаат да ни кажат со образложение дека тоа е задача на вештите лица: „Ние сме тука само да го изгаснеме огнот, не навлегуваме во причините за пожарот“.



Инаку, од почетокот на годината екипата на ТППЕ Валандово интервенирала во 15 случаи на опожарување, техничка помош, гаснење на опожарени оџаци, извлекување на возила од надојдените води за време на дождовите, чистење на јавниот простор од паднати дрвја после силниот ветер минатата недела, а опожарената куќа во с.Марвинци е најобемната интервенција од јануари годинава до денешен ден.

Тимот на ТППЕ Валандово го сочинуваат 10 активни пожарникари кои се справуваат со огнените закани и пружат техничка помош за подрачјето на општината Валандово со 30-те населени места кои припаѓаат во неа. Тие се тука за секоја потреба и порачуваат:
„Во случај на пожар, или друга природна непогода повикај 112 или 193“




















