Светскиот трговски бренд ЛИДЛ доаѓа и во Гевгелија. Утре (четврток, 26 февруари 2026), во Гевгелија закажана е свечена церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на LIDL во нашата општина.
Со овој настан официјално започнува изградбата на првиот маркет на LIDL во Гевгелија, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во земјава. Инвестицијата претставува значаен придонес кон локалниот економски развој, отворање нови работни места и унапредување на понудата за потрошувачите, како и можност за продлабочување на соработката со домашните производители.
На настанот се предвидени обраќања од: Гоце Гаврилов, директор за недвижности во „Лидл Северна Македонија“ и Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија.
По официјалните обраќања ќе следи церемонијата на поставување на камен-темелникот.
ЛИДЛ е компанија која има ланец маркети во 30 земји во Европа и во САД, вкупно 12.200 маркети кои ги опслужуваат над 376.000 вработени. Со поставувањето на камен темелникот на ЛИДЛ во Гевгелија и нашиот град ќе стане дел од големата светска ЛИДЛ мапа на распространетост. Тоа значи и нови локални вработувања, развој на локалната економија од производни и услужни дејности на брендот, но и наши гевгелиски лица со ЛИДЛ насмевки кои ќе го нудат богатиот асортиман изложен на штандовите.
Компанијата „ЛИДЛ“ се шири во Македонија и деновиве побарува лица за позициите „Заменик менаџер на маркет“ во повеќе градови. Погледнете го ОГЛАСОТ (банер горе), можеби тоа е Вашето идно работно место.



















