Синоќа во 19:20 часот екипа на ТППЕ Гевгелија се упати на интервенција во с.Стојаково по претходен примен повик дека гори куќа во селото.
Тимот на ТППЕ Гевгелија интервенираше со 3 пожарникари и две противпожарни возила. На терен затекоа опожарен оџак од куќата кој гореше и зафати дел од кровот и кровната конструкција. Акцијата на пожарникарите траеше до 20:40 часот, кога после ликвидација на пожарот се вратија во својата базна станица.
Во пожарот настанала штета само на кровната конструкција. Нема штета во внатрешниот дел. Свесноста на жителите, комшиите на сопственикот на опожарената куќа придонела тие да интервенираат да не се прошири оганот на околниот простор.
Овој случај на опожарување на куќа е втор оваа година и кај двата случаја беше опожарен оџак.
ТППЕ Гевгелија апелира за навремено чистење на оџаците од куќите за да се спречат случаи на опожарување и штети.
ТППЕ Гевгелија апелира – ако забележите пожар повикајте ги дежурните служби на 112 или 193.



















