Женскиот ракометнен училишен тим при ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија во средата играше на регионален натпревар, Зона Југ и оствари победа. Пресудниот дуел беше против екипата на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп над кои ученичките од Гевгелија одиграа за победа.
– „Со срце, борбеност и одлична тимска игра, нашите ученички целосно доминираа и заслужено славеа со убедливи 16:7 (полувреме 7:5)“ – гордно изјавуваат од училишната управа.
Херој на натпреварот беше Драгана Кузманова со фантастични 7 голови, додека Анастасија Горгоска со 5 голови беше вистински мотор на тимот и сосема заслужено ја понесе титулата најкорисен играч!
14 члениот женски состав ракометарки од гевгелиското основно училиште е под водство на менторот Ѓорге Мандалов. Тој е задоволен што во женскиот ракометен тим има шампионски дух и големо срце!

– „Следна станица – FINAL FOUR, на Државниот натпревар во ракомет помеѓу основните училишта, кој ќе се одигра во мај!“ – со радост најавуваат од училиштето.
Училишниот тим и менторот Мандалов велат дека сериозно се подготвуваат да играт за победнички медал!
Натпреварот од Зона југ се одигра во спортската сала „26 април“ во Гевгелија од календарот на регионални натпревари во ракомет (женски) за основни училишта. Организаор на турнирот е Федерација на училишен спорт на Македонија.
Честитки девојки, гордост сте!




















