Младите атлетски сили од „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ Гевгелија, АНА БЕГОВА и ЃОРГЕ ПАПУЧИЕВ денеска освоија ПОБЕДНИЧКИ Медали на трка од 5 километри во сениорска конкуренција во градот Катерини, Грција.
Ана има само 11 години и победи на трката во сениорска конкуренција, пред сите други учеснички, поголеми и поискусни од неа. Но, младата гевгелиска и македонска атлетска надеж, Ана Бегова, нема време за чекање, ниту желба да заостанува, туку само да ПОБЕДУВА.
Еве го моментот кога Ана влегува прва на ЦЕЛТА, а зад неа на повидок нема ниту една близу со време атлетичарка, која настапува на истата трка од 5 км во Катерини.
Идентично изненадување беше и ПОБЕДАТА на младиот 13 годишен атлетичар ГОРЃЕ ПАПУЧИЕВ, член на АК „7 Ноември“ Гевгелија, кој истрча ПРВ на Целта, во машка конкуренција, сениори на трасата од 5 километри. Погледнете со каква радост истрчува на Целта младиот Ѓорге:
Радоста е голема, победничките насмевки се широки.
Леле што ги снајде грчките организатори на трката, навивачи, локалната публика – ПРВИТЕ места и победничките медали им ги собраа деца од Гевгелија, од Македонија!


БРАВО ДЕЦА НАШИ ВРЕДНИ И ИСТРАЈНИ!



















