Денешниот саботен ден се одржа турнир во пионеерската лига на Грциија каде настапува и младиот гевгеличанец Јован Насев.
После една година активна игра во грчкиот клуб „AEP ACADEMY PAOK“Јован денеска освои титула најдобар играч и најдобар стрелец на турнирот, што е 14-та титула МВП за време на кратката едногодишна но плодна меѓународна фудбалска кариера на малиот гевгелиски фудбалски талент, Јован.
Јован има 8 години, ученик е во трето одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија, а од март минатата година потпиша договор да настапува за „AEP ACADEMY PAOK“ во Грција. Овде беше веднаш откриен неговиот талент, а Јован потписот во Договорот го докажа со низа постигнати голови, асистенции, и РЕДОВНО освојување на титулата МВП на секој одигран турнир во Грција.
Дека овие комплименти не се измислени зборуваа и неговата игра на терен. Денеска неговиот тим се соочи со „ KALOHORI“ и резултатот беше 4:2 за тимот на Јован, каде гевгелискиот фудбалски интернационалец постигна 2 гола и реализира 2 асистенции. Значи, Јован е комплетен учесник во резултатот на неговиот клуб со екипата на „KALOHORI“.
Еве една прекрасна асистенција на Јован против „KALOHORI“, додадена топка и гол:
Вториот дуел го имаа со „ACADEMIJA ARIS“, а крајниот резултат беше 5:2. Јован постигна 3 гола и една асистенција. Еве еден евро гол пласиран во мрежата на „ARIS“ од Јован:
Еве уште еден гол постигнат од Јован против „ARIS“, погледнете колку е пожртвуван на играта, и паѓа соборен од противничките играчи, и ја чува топката, и ја одзема, и се поставува во шут позиција, и ја шутира во гол мрежата. Така малиот Јован ја замислува фудбалската игра, пожртвувано до крај до победа:
Третиот натпревар беше против „PROTEAS“, а резултатот заврши со 1:3. Овде Јован го постигна единствениот гол за својот тим, но натпреварот заврши со пораз.
Поради подобрата гол разлика ПРВТО место на турнирот му припадна на тимот на Јован, „AEP ACADEMY PAOK“, а Јован беше прогласен за најдобар стрелец и најдобар играч на турнирот. Треба да се напомене дека Јован има само 8 години, а играше против деца од генерација 2013/2014, поголеми од него за 4 до 5 години.

Талентот за фудбал на малиот Јован привлече интерес на тамошни спортски скаути – спортскиот директор на младите фудбалски таленти од грчкиот фудбалски гигант „АЕК“, Jorgos Gorgiadis најавува интерес за еднонеделна проба на малиот Јован на терените и со подмладокот на АЕК во Атина.
Па, СРЕЌНО Јоване! Затреси ги гол мрежите и во Атина!




















