На почетокот од денешниот ден, 19.05.2026 околу 00:10 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, патничко возило „Фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(50) од Богданци, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Б. и неговиот сопатник С.П.(52) од Богданци, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
Од полицискиот Билтен на МВР за Гевгелија издвојуваме дека во текот на изминатите 24 часа двајца возачи се лишени од слобода поради тоа што: еден возач од Гевгелија управувале возило без возачка дозвола, а друг возач во Гевгелија управувал возило со брзина поголема од дозволената.




















