Генерации за успеси, резултати и радости – три пласмани од Регионалната Лига во Главниот завршен турнир од „Детската фудбалска Лига“ на Македонија и успешно претставување во репрезентативниот дрес на U-14 со два постигнати гола за Македонија
Тоа го донесоа викендов младите фудбалски сили на ФК „Кожуф“ од Гевгелија, генерација 2013, 2016 и 2018 кои викендов настапија на Регионалните натпревари во рамките на „Детската Лига“ Југоисток и сите три категории остварија успех – СЕ ПЛАСИРАА на ЗАВРШНИОТ ТУРНИР на Детската лига во Скопје.
Тоа значи дека на 30 мај годинава младите фудбалски надежи на Гевгелија ќе се борат за трофеј во рамките на својата возрасна категорија.
Заслужни за успехот се децата на теренот и нивните посветени тренери:
– Роберт Лазаровски – генерација 2013
– Трајче Ников – генерација 2016 , и
– Бојана Танова – генерација 2018.



Успешно претставување на терен имаше и младиот 14 годишен Душан Петров од ФК „Кожуф“ Гевгелија, кој викендов настапи со репрезентацијата на Македонија У-14 против репрезентацијата на Малта и постигна 2 гола.
Во саботата нациналниот тим на Македонија ја победи репрезентацијата на Малта У-14 со резултат 3:2, а во неделата се одигра уште еден натпревар каде и покрај реми резултат 3:3 успешен настап имаше Душан Петров од Гевгелија постигнувајќи 2 гола.

Ова е четворократен викенд успех на подмладокот на ФК „Кожуф“ Гевгелија – со три пласмана од Регионален на Државен натпревар во „Детската лига“ и два гола во репрезентативниот дрес на Македонија од талентираниот играч на „Кожуф“ Душан Петров.
Честитки за успешните настапи, честитки за секоја победа посебно, честитки за Душан и сите тренери на подмладокот на ФК „Кожуф“!






















