ТППЕ Гевгелија по повод својот ден на пожарникарите 20 Мај, денес празнуваше со мили гости добродетели кои им врачија специјална опрема со проект од УНДП, Бирото за регионален развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Гевгелија, вреден над 36.000 долари.
За проектот аплицираа и го спроведоа заедно Општините Гевгелија и Богданци насловен „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници“, кои во вредносната реализација учествуваа со по 20% сопствени буџетски средства.
Проектот имаше за цел воспоставување на меѓуопштинска соработка на Општина Гевгелија и Општина Богданци во областа на Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот.
Проектот овозможи подобрување на опременоста на општините со современа заштитна и опрема за интервенција за урбани и за шумски пожари, со цел зголемување на безбедноста и ефикасноста на пожарникарите при брзи и ефикасни интервенции.

Со грантот доделен од УНДП обезбедена е набавка на 11 комплети заштитна опрема за урбани пожари за оптина Гевгелија која содржи: одело, чизми, ракавици, шлем, а општина Богданци доби 8 комплети заштитна опрема за шумски пожари кои содржат: одело, чизми, ракавици, шлем, 10 напретначи, 20 гребла и лопати.

Освен опремата придобивките од проектот се:
– Изработена е веб страна на ТППЕ Гевгелија,
– Обучени се млади средношколци мажи и жени, во областа на превенција, заштита испасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот и заштита на животната средина,
– Реализирана е заедничка теренска симулација/вежба со учество на обучените
млади и пожарникарите од двете општини.

На церемонијата на доделувањето на опремата се обратија: Г-дин Армен Григорјан, постојан претставник на ОН и УНДП во Македонија, Ерџан Селмани – зам.министер за Локална самоуправа, Амет Имери – директор на Бирото за регионален развој, Блаже Шапов- Градоначалник на Општина Богданци, Анета Стамкова- Претседател на Совет на Општина Гевгелија.
Првите честитки до пожарникарите за нивниот празничен ден ги упати Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов.
Командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов јз презентираше добиената опрема и се заблагодари на сите институции инволвирани во проектот.
НЕКА Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ!



















