Безбедноста во сообраќајот зависи од знаењето и почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како за патничките возила, така и за мотоциклистите, пешаците. Со превентивна акција на ОВР Гевгелија и РСБП вчера, низ улиците на Гевгелија изведоа едукативна акција со членовите на мото клубовите од Гевгелија.
На 20.05.2026 во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и мото клубови од Гевгелија реализираа превентивна активност „Вози безбедно на мотор“, преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот и зголемување на безбедноста на возачите на мотори.

На возачите им беше укажувано на обврската за носење на заштитен шлем, која се однесува како за нив, така и за сопатниците, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.
Најревносни моторџии учесници во сообраќајот се членовите на мотоклубовите „Ретки птици“, „Феникс“ и „Steel Boys“ од Гевгелија. За нив не претставуваше проблем почитувањето на сообраќајните правила, а своето знаење го потврдуваат со безбедно возење, безбедни мото тури, па и самите качко членови на мото клубовите се хуманитарни организатори и донатори на општествени акции. Вчера се одзваа и на акцијата на ОВР Гевгелија, со РСБСП и МВР.

Соодветни акции во координација со МВР истиот ден се одржаа во Штип, Свети Николе, Берово и Пехчево, со акцент на превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и бесправна сеча.



















