Четврто освоен подиум во оваа сезона за младиот гевгелиски тенисер Александар Грујиќ во меѓународна конкуренција на „Tenis Europe“ U16. Последниот освоен трофеј е ПОБЕДНИЧКИ во конкуренција на млади тенисери од неговата генерација од 15 европски држави.
Овој меѓународен собир на најдобрите кадети во тенис се одржа во Скопје во тениски клуб „Поинтер“. Турнирот беше во конкуренција на тенисери до 16 години, а натпреварувачите беа млади надежни тенисери од 15 европски земји.
Александар настапи со партнер во двојки, тоа беше Селим Џемал Јилдиз од Македонија. До победничкиот пехар ги делеа четири тенис меча кои ги одиграа одлично се’ до финалето кое го завршија победнички.
– „Одигравме 4 меча и бевме трети носители. Во првото коло бевме слободни, додека во второто коло игравме против Марк Ваинберг од Молдавија и Паскуале Сталлоне од Италија кои ги победивме 6-3; 6-4. Во третото коло игравме против првите носители Мартин Валеов од Бугарија и Патрик Стефан Добрин од Романија кој ги победивме 7-6; 6-2. И во финалето игравме против Вукашин Павловиќ од Србија и Тим Махимилијан Фриесе од Америка кои ги победивме 2-6; 7-6; и 10-7“ – вели Александар за својот последен спортски успех.
Ова е второ финале во двојки за Александар годинава и втор трофеј за Шампионска двојка.

На истиот турнир „Tenis Europe“ U16 Александар се натпреваруваше и во сингл. Од почетокот на тениската сезона годинава има освоено два турнира со искачен подиум за ТРЕТОТО место (сингл).
– „Сезоната сега почнува и ова е само почеток. На овој турнир во сингл стигнав до четврт финале каде што имав проблеми со стомакот и морав да го предадам мечот“ – изјави за GevgelijaNet гевгелискиот млад тенисер Александар.
Тој во сингл одгра само три меча. Во првиот меч за противник го имаше Борислав Гергинов од Бугарија кој го победи во два сета со резултат 6-2; 6-0, потоа во осмина финалето играше против Паскуале Сталоне кој го победив 7-6; 6-3, а потоа во четвт финалето на теренот настапи против Патрик Стефан Добрин на кој мораше порди стомачни проблеми да му го предаде мечот.
Сепак, од вчера Александар и Селим се ЕВРОПСКИ кадетски ШАМПИОНИ во тенис за двојки!
Честитки ШАМПИОНИ!





















