Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници лишија од слобода четири (4) лица од Гевгелија кај кои била пронајдена дрога.
На 12.06.2026 во 21:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.К.(21), К.П.(20) и А.С.(21), сите од Гевгелија.
Тие биле затекнати како во патничко возило „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки употребуваат марихуана, а кога им пристапиле полициските службеници се обиделе да побегнат и до возилото фрлиле марихуана, која е пронајдена и одземена. Остатоци од марихуана се пронајдени и при преглед на возилото.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Четвртиот приведен гевгеличанец е лишен од слобода ноќеска (13.06.2026) во 00:30 часот во Гевгелија. Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.М.(52) од Гевгелија, бидејќи при преглед на патничко возило „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.М., била пронајдена марихуана.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Изминатото деноноќие за пронајдена дрога во возило, или кај нив лично приведени се уште 8 лица во државата. Лишен е од слобода еден 45 годишник од Охрид, зошто во неговото „Ауди“ била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Лишени се од слобода и 6-мина од Скопје на возраст од 17 до 40 години и еден жител на с.Желино, тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја и марихуана.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, јавува МВР.



















