Со звуците на рокенрол музиката, поп-YU хитовите и македонскиот традиционален тапан синоќа се одржа завршниот концерт на учениците од „Школата за тапани“ при Пионерскиот дом во Гевгелија за завршната 2025/2026
Со самоуверениот настап и сопствената продукција на моќниот звук на тапанот на сцената со свој избор на нумера настапија 14 ученици при Школата. Музиката тешко е да се раскаже со зборови, треба да ја чуете и доживеете.
Еве го настапот на првите 4-ца посетители на школата;
1. ЕЛЕНА ПЕНОВ – System Of A Down – „Toxicity“
2. ЈАНЕ ЃОРГИЕВ
3. АНАСТАСИЈА ЈОВАНОВСКА – Michael Jackson – „Billie Jean“
4. ЗОРАН РИСТОВ – најмалиот тапанџија со само 6 години кој ја отсвири песната „Yellow“ на Coldply.
Од сите учесници кои преферираа изведби на познати хитови од светски популарни рок групи и хеви метал настапот на ДИМИТАР ШАБАНОВ беше со оригинален традиционален македонски тапан и изведба на познатиот YU-поп хит „Липе цвату“ од Бјело дугме.
На концертниот настап следуваа изведбите на:
1. АЛЕКСАНДАР ТРИФУНОВСКИ
2. АНА РУЖОВА – од групата „Maneskin“ – „Gossip“
3. РИСТЕ АНДРЕЕВ – Guns N’ Roses – „Sweet Child O’ Mine“
4. ПАРИС КОСТАЌЕВ,
5. ТЕОДОРА БАЦЕВА – Deep Purple – „Black Night“
6. ДАНИЕЛ НАКОВСКИ – „Burn“ од Deep purple
7. АЛЕКСАНДАР КОЧЕВ – „Фул фајтерс“
8. ДИМИТАР ТРАЈКОВ – „Милитари“ од „Ајрон мејдн“
9. АНТОНИО ТРАЈКОВСКИ – „Jungle“ од Guns N’ Roses
Менторот на Школата за тапани Момчило Делев на сите ученици на крајот од концертот им додели Дипломи за успешно завршената 4-та година во Школата за учебната 2025/2026, како и наградите за освоените пласмани за Прво и второ место на Меѓународниот музички фестивал одржан во Штип каде 11 ученици го освоија музичкото жири и 11 поединечни награди за изведба на тапани, од кои 8 за освони ПРВИ места и 3 за освоени ВТОРИ места.
Честитки за успешно завршената музичка сесија и очекуваме нови концертни настапи!




















