Европската Атлетска Асоцијација го најави одржувањето на „EUROPEAN ATHLETICS GAMES 2026″ на кои за прв пат ќе учествуваат и пионери од Македонија.
Сигурен патник и учесник на Атлетскиот собир на најдобрите Пионери од Европа е Атлетската стрела од Југот – Антонио Каракабаков.
Неговото учество го најави Атлетскиот клуб „Аеродром“ од Скопје каде членува Антонио веќе втора година по ред. За неговите квалитети и очекувања на Европските атлетски патеки зборуваат неговите достигнувања последните месеци каде Антонио веќе постигна големи успеси во натпреварите на 100 метри, 200 м, 400 м, 800 м, а во оваа сезона со одлични и изненадувачки перформанси во дисциплината скок во далечина и веќе прескокнати 5 метри и 49 cm со кои од управата на АК „Аеродром“ веќе најавија борба за еден од медалите во оваа дисциплина од страна на Антонио.

Европските атлетски игри ќе се одржат во август во Брно, Чешка.
Од АК „Аеродром“ најавуваат учество на тим од 4-ца пионери од нивниот клуб. Првиот сигурен патник и кандидат за медал е Антонио Каракабаков, ученик во OOУ „Кирил и Методиј“ во с.Стојаково, завршува VIII одделение, има 14 години, а зад себе многу освоени медали на Државни и Балкански првенства.
Ете, му посакуваме успех во Брно и нов ЕВРОПСКИ МЕДАЛ за атлетската стрела од Југот на Македонија!
Среќно Антонио!






















