Катастрофални земјотреси уништија делови од Венецуела. Два потреси едно подруго, со јачина од 7.2 и 7.5 степени според рихтер ги опуштошија северните и централните региони во Венецуела.
Во земјата на сила е вонредна состојба додека во најтешпко погодениот регион, Ла Гвеира, прогласена е зона на катастрофа..УРНАТИ Се десетици станбени згради, куќи и деловни објекти…Затворен е и меѓународниот аеродром кој претрпел сериозни оштетувања. Надлежните служби ги повикаа жителите да ги напуштат домовите, бидејќи серијата земјотреси не стивнала.

Најмалку 164 лица загинаа, а речиси 1.000 се повредени во силните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти денеска привремената претседателка на земјата, Делси Родригез. Се стравува дека конечниот епилог, ќе биде многу полош.
Родригез изјави дека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во најтешко погодените подрачја и дека властите ја проценуваат штетата врз инфраструктурата, станбените објекти и јавните установи, пренесува Ројтерс.
За да се забрза санирањето на последиците од катастрофата, владата ќе формира почетен фонд за обнова во вредност од 200 милиони долари, кој ќе биде финансиран со средства од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Потресни сцени: водата од базен на висококатница паѓа на земјата од земјотресот, градби се рушат пред очите на жителите кои исплашени побегнале на улица, висококатници навалени и испукани ѕидови, нестабилни за живеење…
Рибар успеал да го сними првиот знак на катастрофата во Венецуела. Додека бил на море, над брегот на Венецуела нагло се издигнал огромен облак прашина по уривањето на објекти погодени од силниот земјотрес.
Тој го уловил првиот знак дека се случува земјотрес не свесен за самата катастрофа која се одвивала на тлото од земјата.
Fishermen in the sea off the coast of La Guaira record the moments after the earthquake with dust covering large parts of the coast as a result of building collapses#Venezuela pic.twitter.com/D8KNwLkLDf
— CNW (@ConflictsW) June 25, 2026



















