Денес во 13 часот е примена дојава во ТППЕ Гевгелија за активен пожар во атарот на с.Стојаково, каде горела сува трева. На терен се упатила екипа од 7 пожарникари и три противпожарни возила.
Од сувата трева со помош на силниот ветер, кој на југот денеска провејува со брзина од 20-30 km/h, со оган биле зафатени и ниви со засадени посеви, гореле лозја, земјоделски насади.
Единицата на ТППЕ Гевгелија го локализирала и изгаснала пожарот во текот на тричасовна борба со пламените јазици, а во 16:05 часот екипата веќе се вратила во својата базна станица. Епилогот од пожарот е 100 дектари опустошени површини од Стојачкото поле, односно 10 хектари изгорени земјоделски посеви.
Акцијата беше сериозна бидејќи огнот се приближи кон селото, зошто ветрот од северозападен правец дуваше од полето во правец кон Стојаково.
Ова е нова штета за стојачките земјоделци и иматели на ниви во стојачкиот атар.

Последниот голем пожар во атарот на с. Стојаково (Општина Богданци) изби во попладневните часови на 22.06.2026 година, кога огнот зафати површина од 30 хектари (300 декари) ниска вегетација, стрниште и нива со пченица во Стојачкото поле. Пожарот се прошири во близина на локалниот пат Богданци – Стојаково и ветерниот парк. Успешно беше изгаснат од ТППЕ Гевгелија, а другиот ден со помош на ветрот повторно беше разгорен и беа направени нови штети по земјоделските посеви, куќички за земјоделска механизација и алати, магацини и др.
Од 1 јули во државата е прогласена вонредна состојба поради топлото време и услови да зачестат пожарите на отворено. Поради тоа од ТППЕ Гевгелија апелираат на секој знак за појава на пожар, на секој чад на отворено да се упати веднаш повик на тел.број 193, или на меѓународниот број за итна помош 112.

ВНИМЕТЕЛНО на отворен простор, без палење на цигари, фрлање отпушоци, работење со алати кои испуштаат искри во близина на сува трева, да не се пали оган на отворено.
Внимателно, една секунда невнимание носи штета од 10-ци хектари опустошен простор од пожарите!



















