Фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија учествуваше на XXX Меѓународен фестивал „Cătălina“ во Јаши, Романија и овде во официјалната програма со највисоки оценки од жирито го освои „Трофејот на Фестивалот“ – највисоката награда која се доделува на најуспешните фолклорни изведувачи.
Ова е секако голем успех на ФА „Бојмија“ од Гевгелија и доказ за нивната посветена работа во негувањето на фолкорните традиции и успешна презентација на фолклорните вредности од Македонија и од роднокрајниот Југ пред публиката во странство на меѓународни фолклорни настапи.

Освен играта, кореографијата, голем впечаток во настапот остава и фолкорната музика, рисокот на тапанот, виртуозните кларинети и комплетниот оркестар во состав Иван Митров, Никола Георгиев, Јован Филев и Љупчо Петков со осмисла на уметничките раководители Димитар Делев и Никола Миовски, заедно со претседателот на Фолкорниот ансамбл Игор Илиевски.

Со 30-минутна програма пред 10-члена меѓународна жири комисија, нашите играорци и музичари приредија настап исполнет со енергија, емоции и автентичен македонски фолклор.
Публиката ги награди со долги и искрени аплаузи, што беше најубава потврда за нивната посветеност и љубов кон фолклорот.
Членовите на Ансамбл „Бојмија“ со гордост ја претставија македонската традиција на фестивалската сцена во Јаши, Романија, пленувајќи ја публиката и стручното жири.
Претходниот ден тие настапија на фолкорното дефиле заедно со сите учесници на Фестивалот и овде пленија погледи и интерес на околната публика.

– „Благодарност до сите наши играорци, родители и поддржувачи – оваа награда е за сите вас!“ – искажаа честитки од раководството на „Бојмија“.
Браво наши јужњаци, Фолклорни амбасадори на Гевгелија и Македонија!






















