Нашата кошаркарска јуниорска репрезентација денеска го стартува настапот на Европското првенство Б-дивизија во Ријека и Опатија, со јасна цел – „враќање во елитата“.
Од 24 јули до 2 август во Ријека и Опатија Хрватска ќе се одржи Европското јуниорско првенство Б-дивизија на кое учествува и Македонија
Во избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ се 12 млади кошаркари под 18 години. Меѓу нив е и гевгелискиот млад кошаркар Лука Чучанов.
Ова е една од најталентираните генерации во поновата историја на македонската кошарка, кои ќе се обидат да ги повторат успесите како своите претходници од пред 2 години кога го освоија Златниот медал на Шампионатот што се одржа во Скопје 2024. Целта им е со одличен настап на ова ЕП да се вратат во А-Дивизијата.

Првиот меч нашите момчиња ќе го имаат вечерва, 24 јули, во 20:00 часот против репрезентацијата на Грузија. Следуваат диелите со Босна и Херцеговина, Унгарија и Шведска кои се исто во групата. Пласман во четвртфиналето обезбедуваат најдобрите две репрезентации од групата
Македонскиот тим е солидна екипа спремна за победи, со талентирани и квалитетни играчи на сите позиции, височина, брзина и искуство за меѓународни дуели, без трема и нервоза.

Комплетниот состав на решпрезентацијата:
– Григориј Ѓорѓевиќ
– Дамлан Данев
– Филип Сребров
– Алексеј Нешовиќ
– Дамјан Стојановски
– Марко Бајалџиев
– Ѓорѓи Цветковски
– Дамјан Стојановски
– Павел Ѓиноски
– Лука Чучанов
– Михајло Малиниќ, и
– Филип Алексовски.
Стручен штаб:
⛹️ Селектор: Миодраг Тодоровиќ
⛹️ Асистент-тренери: Дамјан Вељанов и Илија Стамболџиев
💆 Физиотерапевт: Никола Станојковски
📋 Тимски водач: Бранко Андриевски
🧑⚖️ Придружен судија: Андреј Златевски
– „Среќно, момци! Ви посакуваме успешен настап, многу победи и достојно претставување на Македонија!“ – посака КФМ.
Ајде вечерва да навиваме за Македонија! Да навиваме за Лука од Гевгелија!
Да навиваме за нашите млади кошаркари да ја остварат совојата ЦЕЛ – Враќање во А дивизија!



















